Достапни линкови

Турција пред политичка криза?


Истанбул, полициска акција во Воената академија

Истанбул, полициска акција во Воената академија

Конфронтацијата во Турција меѓу владејачката исламистичка Партија на правдата и стариот таканаречен кемалистички поредок драматично ескалира со апсењето на пеесетина актуелни и поранешни воени офицери. Судот досега за заговор против владата обвини околу 20 офицери.

Со децении војската во Турција се смета за чувар на секуларниот поредок создаден од основачот на Републиката, офицерот Мустафа Кемал. Првиот претседател на Турција е познат низ целата земја едноставно како Ататурк, односно татко на Турците, а неговите приврзаници како кемалисти.

Притворањата се дел од истрагата на владата по таканаречената Ергенекон мрежа, тоест наводната банда на врвни воени официјални лица, кои со децении се обидува да дејствува како влада во сенка и да го утврдува политичкиот курс на земјата. Според извештаите во турските медиуми, новата рунда апсења била поврзана со планот на Ергенекон за извршување државен удар во 2003 година. Според планот, во земјата требало да се предизвикаат немири откако би имало бомбашки напади во две големи џамии во Истанбул, по што би бил изведен и напад врз воен музеј од луѓе маскирани како исламски фундаменталисти.

За многумина аналитичари притворањата се уште еден потег на владата која се обидува да ја редефинира Турција според исламистичката традиција. Како најголема брана против тоа се смета војската која од 1960 година е вклучена во соборувањето на четири влади кои го предизвикуваа секуларистичкиот поредок.
Луѓето се прашуваа зошто, ако Ергенекон групата планирала државен удар, истрагата била насочена и кон новинари, научници, писатели, а не кон војниците. И тоа беше фер прашање. Сега почнаа да апсат генерали и станува многу сериозно.
...

„Ова е неиспитана територија за Турција, бидејќи од минатиот месец, секојдневно ја гледаш истата фраза во насловите: За прв пат во Турција; За прв пат во републиканската историја; За прв пат генерал сведочеше или е уапсен. Не верувам дека некој во Турција може да каже каде одиме.“

Вели Oзгур Огрит, дописник на Хуриет Дејли Њуз во Истанбул.

Истрагата по Ергенекон беше покрената пред три години и предизвика големи поделби во Турција. Тие стигнаа и во дотогаш цврстите бастиони на кемалистите: војската, судството и бирократија, трите нозе на традиционалните турската држава. Затоа всушност е невозможно да се предвиди како ќе заврши таа пресметка. Поделбите се особено изразени во судството каде што некои се за продолжување на истрагата против генералите, додека други сметаат дека станува збор за политички процес за казнување на секуларната опозиција.

„Луѓето се прашуваа зошто, ако Ергенекон групата планирала државен удар, истрагата била насочена и кон новинари, научници, писатели, а не кон војниците. И тоа беше фер прашање. Сега почнаа да апсат генерали и станува многу сериозно.“

Вели Огрит. Апсењата на секуларистички новинари, писатели и академици, најмногу се потпираа врз анонимни писма и тајни сведоци и затоа некои од осомничените ја обвинија полицијата за фалсификување докази. Но сега, со апсењето врвни генерали влогот драматично се зголеми и уште еднаш ја постави Турција пред изборот меѓу традиционалната кемалистичка секуларна држава и исламскиот поредок кој според критичарите, би бил практикуван според шеријатското право.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG