Достапни линкови

logo-print

Вашингтон:трпението со Иран изминува


Соединетите држави го предупредија Иран дека изминува времето и трпението околу нуклеарната програма на таа земја. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс ги повтори американските предупредувања за последици доколку Иран продолжи да ги развива можностите за збогатување ураниум. Во вчерашното писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија Техеран вели дека е подготвен да купи гориво за нуклеарен реактор или својот слабо збогатен ураниум да го менува за збогатен, но на своја територија. Западот е на став дека тоа треба да се врши надвор од Иран.
XS
SM
MD
LG