Достапни линкови

logo-print

Средба Нимиц - Иванов


Медијаторот во македонско - грчкиот спор Метју Нимиц на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов ги презентирал идеите за продолжување на разговорите за името. Шефот на државата, пак, го запознал Нимиц со позициите и начините како може да се работи на изнаоѓање на решение согласно резолуциите на Обединетите нации. Ова денеска го соопшти кабинетот на претседателот. Во соопштението се вели дека Иванов и Нимиц имале содржаен разговор за надминување на разликите околу името. Иванов на средбата ја истакнал подготвеноста на Македонија за интензивирање на процесот за надминување на разликите со Грција .
XS
SM
MD
LG