Достапни линкови

Романија со нов проект за транспорт на течен гас


Проектот за транспорт на течен гас кој ќе минува низ Романија може да биде готов пред проектот Набуко. Ова денеска го соопшти романското министертво за економија. Во соопштението стои дека во март, Романија, Азербејџан и Грузија ќе потпишат договор за соработка за овој проект.Според нивниот договор ќе треба да се изградат два терминала за течен гас во Романија и еден во Грузија. Предвидените инвестиции за овие терминали чинат околу 5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG