Достапни линкови

Астон:Албанија да биде отворена за независна истрага


Специјалниот известувач на комисијата за човекови права на Обединетите Нации, Филип Астон денеска од Албанија побара во целост да соработува во независната истрага за можна трговија со органи. Астон додаде дека изгледа е блокирана истрагата за обвинувањата дека српски цивили се убиени во земјата и нивните органи се продавале на црниот пазар. Косово и Албанија силно ги негираа обвинувањата кои беа објавени во книгата на поранешната обвинителка Карла дел Понте дека за време на војната органите на убиените српски цивили се продавале на црниот пазар.
XS
SM
MD
LG