Достапни линкови

Самит за енергетска безбедност во Будимпешта


Во Будимпешта ќе се одржи Самит за енергетска безбедност во регионот. На Самитот се поканети премиерите на Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и претставници на Европската Комисија и САД. На самитот кој ќе се одржи зад „затворени врати“ планирано е да се разговара за проектот Набуко, односите меѓу ЕУ и Русија, испораката на нафта и гас, како и за европско – американскиот дијалог за енергија, известуваат новинските агенции. Овој Самит го организираат земјите од таканаречената Вишеградска група која ја сочинуваат Чешка, Полска и Унгарија и Словачка.



XS
SM
MD
LG