Достапни линкови

logo-print

Суштински разговори Нимиц - Иванов


Медијаторот Метју Нимиц и Претседателот Ѓорѓи Иванов

Медијаторот Метју Нимиц и Претседателот Ѓорѓи Иванов

Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц се сретна со шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски а и со претседателот Ѓорге Иванов, на кои им ги презентираше идеите за продолжување на разговорите за името. Во вторник се најавени средбите со премиерот Груевски и вицепремиерот Абдулхаким Адеми.

Медијаторот во македонско - грчкиот спор Метју Нимиц на средбата со Претседателот Ѓорге Иванов ги презентирал идеите за продолжување на разговорите за името. Шефот на државата, пак, го запознал Нимиц со позициите и начините како може да се работи на изнаоѓање на решение согласно резолуциите на Обединетите нации. Ова денеска го соопшти кабинетот на претседателот. Во соопштението се вели дека Иванов и Нимиц имале содржаен разговор за надминување на разликите околу името. Иванов на средбата ја истакнал подготвеноста на Македонија за интензивирање на процесот за надминување на разликите со Грција .
Посредникот Нимиц пак, пред средбата со министерот Антонио Милошоски изјави дека решение на спорот е можно во многу скоро време.



Македонскиот премиер Никола Груевски пак изјави денеска дека Владата е широко отворена со позитивен и конструктивен пристап во изнаоѓањето решение за проблемот со името. Тој додаде дека присуството на Нимиц ќе даде одреден разултат и придвижување на процесот.

Желба за оптимизам

Државниот врв вчера одржа консултации со цел како што рекоа единсвен и организиран настап пред медијаторот. По средбата министерот Милошоски рече дека тој настап од наша страна би се движел во насока на контруктивно проактивно дејствување со цел во наредниот период да се даде придонес кон постигнување едно решение или во најмала рака напредок по однос на можното решение на спорот за името. Експертирте ваквата најава ја гледаат повеќе како желба којашто на претстојната средба ќе се демонстрира пред се поради теснецот во којшто се наоѓа земјата да направи напредок во однос на евроинтеграциите.
Проактивното дејствување не значи дека ќе отстапиме од црвените лении, што важи и за грчката страна

„Изјавата е чисто оптимистичка. Во неа нема ништо конкретно дека ние ќе отстапиме од црвените линии, туку проактивното дејствување значи дека ќе дадеме се што е во наша можност за да можеме да го решиме името, меѓутоа, не е прецизирано дека ќе отстапиме од црвените линии. Истото важи и за грчката страна“
Изјави професорот Ивица Јосифовиќ. Иако не се очекуваат, евентуални преедлози од двете страни биле добредојдени, но тие треба да бидат такви што нема да предизвикаат омраза кај другата страна вели Јосифовиќ. Премиерот категорично ги демантираше изјавите на европратеникот Шацимаркакис минатата недела во Скопје дека во заедничката средба тој дал конкретни предлози за решение. Од друга страна, ваквите изјави од европските претставници сосема логично можат да се сфатат и како притисок зошто при сегашните дијаметрално спротивни позиции тешко можеме да се приближиме кон решение, коментираат експертите. Нимиц доаѓа во регионот по седуммесечна пауза, на покана од двете страни откако преговарачкиот процес беше драматично влошен по претходните средби со двајцата преговарачи во Њујорк кон средината на ноември. Дали најновите средби на медијаторот Нимиц со македонските и со грчките претставници денеска и утре во Скопје а на 26 во Атина, ќе покажат нов дух и желба да се смени пристапот кон решавањето на спорот останува да се види од изјавите коишто ќе ги чуеме по овие средби.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG