Достапни линкови

Под истрага 50 турски офицери за заговор против владата


Обвинителството во Турција испрашува околу 50 воени лица кои наводно планирале да ја урнат владата со исламски корени. Меѓу притворените за заговор, најмалку 14 се актуелни и поранешни високи воени офицери. Обвинителство ја започна постапката пред две години. Критичарите велат дека владата го користи случајот за борба против опозицијата. Во Турција на армијата се гледа како на заштитник на секуларните традиции на земјата и таа отстрани четири влади од 1960 година.
XS
SM
MD
LG