Достапни линкови

Курд фрли чевел врз турскиот премиер Ердоган во Севиља


Курдски имигрант во Шпанија фрлил чевел врз турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за време на неговата посета на шпанскиот град Севиља, јави турската телевизија Хабер Турк.
Ердоган пристигна во Севиља по посетата во Мадрид, за да ја добие наградата на локалната фондација НОБО за придонес во развојот на дијалогот меѓу културите и религиите.
Инцидентот се случил пред зградата, каде што се одржала церемонијата на врачување на наградата на Ердоган. На излегување од зградата, кога премиерот се качувал во автомобилот со кој требало да отпатува, курдскиот имигрант врз него фрлил чевел, но не го погодил турскиот премиер, извикувајќи „Да живее Курдистан!“. Напаѓачот набрзо бил уапсен и сега е на распит.
XS
SM
MD
LG