Достапни линкови

Нимиц денеска со Милошоски и Иванов, утре со Груевски


Посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц денеска ќе пристигне во Скопје на средба со македонскиот државен врв. Тој попладне ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата, а утре со премиерот Никола Груевски. Нема најави дали Нимиц, кој по Македонија, на 26 февруари треба да ја посети и Грција, носи нови предлози или останува на „сетот деи“ предложени во октомври 2008 година. Македонската страна, како што изјави по синоќешната координативна средба на државниот врв министерот Милошоски, во разговорите ќе заземе конструктивен и проактивен пристап.
XS
SM
MD
LG