Достапни линкови

Авганистански емигрант призна дека планирал напад на њујоршкото метро


Авганистанскиот имигрант Наџибулах Зази се изјасни дека е виновен, по обвиненијата дека подготвувал бомбашки напад во Њујорк. Тој рече дека планирал да се жртвува во „маченичка операција“ со напад на њујоршкото метро.
25-годишниот Зази признал дека се обучувал во камповите на Ал Каеда во Пакистан, на границата со Авганистан.
Американските власти оценија дека ова е една од најсериозните закани со кои се соочиле САД по 11 септември.
Зази се соочува со доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG