Достапни линкови

logo-print

Роми избркани од конференција за стратегија за Роми


Неколку членови на романската алијанса на Роми денеска се избркани од салата каде што сакале да протестираат. Во таа сала во Букурешт, претседателот Трајан Басеску зборувал на конференција за старатегија за подобрување на состојбата со Ромите во Романија. Членовите на алијансата по инцидентот изјавиле дека Романија во последниве 10 години не направила ништо за Ромите, а денеска не им ни дозволиле да истапат и да си ги кажат своите проблеми.
Претседателот Басеску, на конференцијата презентирал нова стратегија за подобрување на состојбата на Ромите и изјавил дека ситуацијата нема да се подобри се додека Ромите не сфатат дека и тие самите сносат одговорност за позицијата во која се наоѓаат.
XS
SM
MD
LG