Достапни линкови

Полска бара помош од ЕУ за проблемот со Белорусија


Полска денеска побара од Европската Унија да ја убеди Белорусија да престане со гонењето и казнувањето на полското малцинство во земјата. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, денеска пред состанокот на министерите за надворешни работи во Брисел, изјави дека е потребно „да и се покаже на Белорусија какви можности пропушта со водењето на сегашната политика на гонење“. Белоруската полиција досега уапси голем број на активисти на забранетиот Сојуз на етнички Полјаци.
XS
SM
MD
LG