Достапни линкови

Американски патници скенирани до „гола кожа“ во Франција


Франција ги употреби новите безбедносни скенери врз американските патници на парискиот аеродром, Шарл Де Гол. Со новите скенери, Французите ќе може да го видат патникот гол. Причината за ваквиот екпериментален проект со времетрење од три месеци е загриженоста од терористички напади по минатиот инцидент со патникот од Детроит. Тој, експлозивната направа ја сокрил во долната облека и поминал без проблем на скенерите. Новите скенери помагаат да се пронајдат скриени објекти под облеката. Директорот на француската цивилна авијација, Патрик Гандил изјави дека нема никаква опасност од употребата на вакви скенери.
XS
SM
MD
LG