Достапни линкови

logo-print

Ханс Бликс е шеф на нуклерната програма на Обединетите Арапски Емирати


Обединетите Арапски Емирати го избраа поранешниот шеф на Меѓународната агенција на нуклеарна енергија, Ханс Бликс за главен советник во одборот за нуклеарна програма. Државната новинска агенција пренесува дека Бликс ќе биде шеф на деветчлен одбор кој ќе има задача да го советува државниот врв за нуклеарни иницијативи.Јужно корејски конзорциум пред неколку месеци потпиша договор вреден 20 милијарди долари со Емиратите за изградба на нуклерна централа за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG