Достапни линкови

Пилотите на Луфтханса штрајкуваат, 10.000 патници останаа на земја


Германската авио-компанија Луфтханса денеска откажа околу 800 лета, односно 10-тина илјади патници не можеа да патуваат, поради штрајкот на пилотите. Околу 4 илјади пилоти на Луфтханса денеска започнаа 4-дневен штрајк поради најавите за намалување на платите и можноста од вработување на странски пилоти кои би работеле за помали плати. Луфтханса проценува дека штрајкот ќе значи и загуба од околу 100 милони евра. Авио-компанијата побара од Судот да им нареди на пилотите да го прекинат штрајкот.
XS
SM
MD
LG