Достапни линкови

Состанок на државниот врв пред посетата на Нимиц


Пред посетата на медијаторот Метју Нимиц, кој доаѓа во Скопје утре, премиерот Никола Груевски за денеска најави состанок со претседателот на државата Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Антонио Милошески и со вицепремиерот Абдилаќим Адеми, на кој ќе биде разговарано за очекувањата од претстојната средба со посредникот на ОН. Груевски вчера изјави дека од тоа што ќе го презентира Нимиц ќе зависи дали ќе биде свикана поширока средба и со претставници на опозицијата.
XS
SM
MD
LG