Достапни линкови

Продолжуваат спасувачките операции на Мадеира


Спасувачките екипи сеуште се обидуваат да пронајдат жртви по поплавите од поројните дождови на португалскиот остров Мадеира, во кои животот го загубија најмалку 42 лица, а околу 120 се повредени. Официјалните лица предупредија дека бројката на настрадани може да се зголеми, бидејќи има луѓе кои сеуште се водат за исчезнати. Португалските власти испратија спасувачки екипи, медицински тимови, нуркачи и пакети помош на островот за да им помогнат на локалните власти во потрагата и другите операции. Властите од островот прогласија три дена жалост за жртвите во несреќата.
XS
SM
MD
LG