Достапни линкови

Прогноза за времето- променливо, попладне врнежи


Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекуваат врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се движи меѓу минус осум и минус еден, а дневната ќе биде меѓу четири и десет степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за дожд. Утринската температура се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до седум степени.
XS
SM
MD
LG