Достапни линкови

logo-print

Бројот на загинати од невремето во Португалија може да расте


Најмалку 40 луѓе се жртви на невремето што го зафати португалскиот остров Мадаира. Над 120 луѓе се повредени или изчезнати со поплавите и свлечиштатана островот. На спасувачките тимови им се приклучила и војската со два хеликоптера. Поради олујните дождови и предизвиканите поплави, спасувачите со сплавови ги бараат изчезнатите. Разрушени се мостови, патишта и куќи. Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на загинати и повредени да се зголеми.
XS
SM
MD
LG