Достапни линкови

logo-print

Груевски:Новиот пакет антикризни мерки нема да биде спектакуларен


Владата наскоро ќе излезе со нов пакет антикризни мерки, најави денеска македонскиот премиер Никола Груевски. Новиот пакет со антикризни мерки откако ќе помине на седница на Влада ќе биде објавен, додаде Груевски. Тој истакна дека не треба да се очекува дека новите мерки ќе бидат спектакуларни, бидејќи досега е направен најголемиот дел за ублажување на кризата со претходните три пакети и други поединечни мерки, пренесува новинската агенција МИА.
XS
SM
MD
LG