Достапни линкови

Груевски:Полесно е врз Македонија да се врши притисок отколку врз Грција


Македонскиот премиер Никола Груевски најави за утре координативна средба на државниот врв пред престојаната посета на медијаторот Метју Нимиц на 23 февруари во Скопје. Груевски изјави дека од тоа што ќе го презентира Нимиц ќе зависи дали ќе бидат повикани подоцна на поширока средба претставниците на опозицијата. Груевски посочи дека претствниците на меѓународната заедница се обидуваат да извршат притисок врз двете земји за да изнајадат побрзо решение, но во Македонија тоа им оди полесно затоа што Грција е како што вели тој помоќна и поголема држава која е членка на ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG