Достапни линкови

logo-print

Физичка пресметка на албанските рудари со полицијата


Албанските рудари физички се пресметале со полицијата кога за време на протестите пробале насилно да влезат во зградата на албанската Влада, јавува новинска агенција МИА. Претседателот на Синдикатот на работниците, Фариќе Џибри изјави дека еден рудар по сударот со полицијата бил тешко повреден и пренесен во болница а неколкумина други поминале со полесни повреди. Џибри истакна дека нема да се откажат од протестите додека не им се исполнат барањата, и покрај употребата на како што вели прекумерна сила на полицијата. Рударите од албанската влада бараат да им се регулира нивниот статус, можност за пензионирање на 50годишна возраст и најмала пензија од 160 евра.
XS
SM
MD
LG