Достапни линкови

По 6 години за прв пат црковен собир во Призрен,Косово


По 6 години за прв пат се одржа литургија во делумно обновениот храм св.Ѓорѓи во Призрен, Косово, јавува новинската агенција Бета. Новонаименуваниот владика Атанасије истакна дека очекува до крајот на годинава да се заврши со обновата на целиот комплекс. Владиката Теодосиј додаде дека набрзо треба да почне обнова на уште неколку црковни објекти што биле разрушени после 1999-та.Тој истакна дека враќањето на владиката во Призренската епархија треба да се сфати како повик до Србите да се вратат во градот.
XS
SM
MD
LG