Достапни линкови

logo-print

Тимошенко не признава пораз


Украинската премиерка Јулија Тимошенко не го признава поразот од претседателските избори. Иако се откажа од судскиот спор за докажување на легитимноста на изборите, таа и понатаму тврди во јавноста дека нејзиниот ривал, Виктор Јанукович не е легитимно избран претседател на Украина. Тимошенко изјави дека причината поради која се откажала од судскиот спор е, како што вели недовербата во судот да донесе фер и праведна одлука. Јанукович во неколку наврати досега побара од Тимошенко да се симне од премиерската функција.
XS
SM
MD
LG