Достапни линкови

Инцко:БиХ заостанува во евроинтеграциите


Претставникот на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко денеска изјави дека „дошло до застој во евроинтегративниот напредокот“ на земјата. Во обраќањето пред студентите на Факултетот за политички науки во Сараево, Инцко истакна дека сега е приоритет „БИХ да се врати на вистинскиот пат кон ЕУ и НАТО“. Tој посочи дека за застојот се виновни политичките лидери кои не ги спроведуваат реформите.
XS
SM
MD
LG