Достапни линкови

Протести на странци во Атина и Солун


Околу 2 илјади луѓе протестираа денеска во центарот на Атина. Демонстрантите бараа да им се легализира престојот на странците и да добијат грчко државјанство децата на доселениците.Сличен протест се одржа и во Солун на кој учествувале неколку стотици луѓе. Причина за сегашните протести е новиот предложен закон за имиграција, јавуваат новинските агенции. Здружениата што го организираат протестот сметаат дека новиот предложен закон е многу построг од сегашниот. Според новиот закон државјанство може да добијат само 10 проценти од 250 илјади деца на странски државјани во Грција и право на гласање на следните локални избори ќе имаат само 65 илјади од можни 550 илјади странци кои имаа дозвола за живеење во Грција.
XS
SM
MD
LG