Достапни линкови

Милошоски:Годинава очекуваме датум за преговори со ЕУ


Македонија очекува годинава да добие датум за почеток на пристапните преговори. Ова го изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски по денешниот неформален состанок во Рим со дипломатските шефови на десничарските партии - членки на Европската народна партија. Милошоски додаде дека по визната либерализација и позитивниот извештај од Европската Комисија, Македонија годинава очекува да направи чекор напред во процесот на евроинтеграцијата.
Тој истакна дека е важно за таа цел Европската Унија за време на шпанското претседавање да го задржи вниманието на Македонија и земјите од регионот. За македонско- грчкиот спор со името Милошоски рече дека е „можно економската криза во Грција да претставува хендикеп на некој начин за обид на грчката Влада да го дефокусира вниманието со некои политички или надворешно политички проблеми“.

XS
SM
MD
LG