Достапни линкови

logo-print

Средба на Јанукович и Медведев е закажана за наредниот месец


Кремљ соопшти дека новиот украински претседател, Виктор Јанукович официјално ќе ја посети Москва наредниот месец. Во соопштението на Кремљ стои дека рускиот претседател, Дмитри Медведев во телефонски разговор му честитал на Јанукович за легитимната и меѓународно призната победа на претседателските избори. Средбата на Медведев и Јанукович ќе се одржи вотекот на првите 10-тина дена од март, е наведено во соопштението.
XS
SM
MD
LG