Достапни линкови

Врховниот суд во Украина го одобри барањето на Тимошенко


Врховниот Суд на Украина се согласи да престане судскиот процес по жалбата на премиерката Јулија Тимошенко за поништување на изборните резултати. Претходно Тимошенко изјави дека го повлекува барањето да се поништат резултатите, според кои, на претседателските избори победи нејзиниот ривал Виктор Јанукович. Таа додаде дека тоа го направила оти не верува дека ќе има фер судење, па судиите само ќе се обиделе да покажат дека изборите поминале на легален начин .
XS
SM
MD
LG