Достапни линкови

logo-print

НАТО и покрај колапсот на холандската влада бара војниците да останат


НАТО изрази недеж дека холандските трупи ќе останат во Авганистан и покрај денешниот колапс на владата на Холандија.Потпаролот на Алијансата, Џејмс Апатураи изјави дека НАТО и натаму се надева дека најдобриот пат напред за целокупната мисија е нова помала холандска операција во Авганистан и по август 2010-та. Тој додаде дека, сепак тоа е одлука што треба да ја донесе Холандија. Холандската коалициска влада се распадна по неуспехот на двете најголеми партии да се договорат за тоа дали да се повлечат холандските војници од Авганистан, како што е планирано, оваа година.
XS
SM
MD
LG