Достапни линкови

logo-print

Холандската влада падна поради Авганистан


Холандски војници во Авганистан

Холандски војници во Авганистан

Холандската коалициска влада се распадна по неуспехот на двете најголеми партии да се договорат за тоа дали да се повлечат холандските војници од Авганистан, како што е планирано, оваа година. НАТО побара од Холандија да ги остави своите 2 илјади војници во Авганистан и по изминувањето на крајниот рок за повлекување, август годинава.

Холандската коалициска влада се распадна поради несогласувања за продолжување на мандатот на холандските војници во Авганистан. По разговорите меѓу коалициските партии што траеле околу 16 часа, демохристијанскиот премиер Јан Петер Балкененде објави дека Лабористичката партија решила да се повлече од владата.

Холандскиот премиер Јан Петер Балкененде

НАТО побара од Холандија да го продолжи ангажманот на холандските војници 'во Авганистан и по изминувањето на крајниот рок за повлекување, август 2010 година. Балкененде од централно десничарската Христијанска демократска алијанса ја поддржа таа идејата, но лабористите, втората по големина партија во владејачката коалиција, се спротивстави и побара повлекување на војниците според порано планираното, август годинава.

Околу 2 илјади холандски војници од 2006 година се стационирани во Урузган, провинција која се наоѓа во јужниот дел на Авганистан. Од тогаш досега таму загинаа дваесетина холанѓани, а тоа предизвика голема негодување кај домашната јавност. Според

Повлекувањето на холандските војници ќе биде сериозен удар и за авганистанските и за НАТО силите. Холандија е значајна европска и НАТО држава и ако се повлекува од Авганистан и други европски земји, една по друга, ќе почнат да заминуваат од Авганистан ...
првичните планови, војниците требаше да се вратат дома уште во 2008 година, но холандската влада им го продолжуваше мандатот, бидејќи ниту една друга земја членка на НАТО не покажа подготвеност да ги замени.

Претходно, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од Холандија нејзините војници да останат до август 2011 со нов мандат за обука на авганистанските војници. Сега, иднината на холандската мисија во Авганистан зависи од формирањето нова влада, велат демохристијаните, додавајќи дека предвремени избори можат да се очекуваат во текот на годинава.

Експертите сметаат дека одлуката на Холандија да не ја прошири својата мисија може да има домино ефект и врз другите земји на НАТО со војници со Авганистан. Анкетите во поголем дел од нив укажуваат дека луѓето се противат на испраќањето војници во Авганистан.

„Повлекувањето на холандските војници ќе биде сериозен удар и за авганистанските и за НАТО силите. Холандија е значајна европска и НАТО држава и ако се повлекува од Авганистан и други европски земји, една по друга, ќе почнат да заминуваат од Авганистан.“

Вели Ахмад Саеди политички аналитичар во Кабул. НАТО мисијата ИСАФ во Авганистан беше основана во декември 2001 година. Во неа има повеќе од 61.000 војници од 42 земји, вклучувајќи 26 членки на НАТО и 10 партнери, како и две не-НАТО земји.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG