Достапни линкови

Владата ќе им плати 15 проценти на погодените од ланското невреме


Македонската Владата денеска донесе одлука да покрие дел од штетите предизвикани од природните непогоди што минатото лето го погодија централниот дел на Македонија. Владиниот потпарол, Мартин Мартиновски изјави дека министертвото за финансии ќе треба да извои од буџетот, пари во вредност од 15 проценти од износот на штетата. Тој додаде дека Министерството за финансии треба да ја разгледа и можноста за обезбедување на дополнителни средства од буџетските резерви за 2010 година во висина од уште 15 отсто од износот на штетите.
XS
SM
MD
LG