Достапни линкови

Сунитите ќе ги бојкотираат изборите на 7-ми март во Ирак


Членовите на сунитскиот блок денеска соопштија дека на 7-ми март ќе ги бојкотираат парламентарните избори во Ирак. Потпаролот на партијата „ Национален фронт за дијалог “, Хајдер ал Мулах изјави дека нема да учествуваат во изборите затоа што стотици кандидати се ставени на „ црни листи “ со што им е забрането да се кандидираат. Лидерот на оваа партија која до сега во парламентот имаше 11 членови не смее да се кандидира на престојните избори затоа што е обвинет дека е во тесна врска со партијата на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG