Достапни линкови

Далај Лама: кинеското раководство да се повлече


Тибетскиот духовен лидер Далај Лама кој престојува во Вашингтон изјави дека раководството на Комунистичката партија на Кина треба да се повлече и да овозможи демократија во земјата. Тој оцени дека владејачката партија ја нема поддршката на народот и оти станува збор за авторитарен капитализам, а не за вистински социјализам. Неговите коментари следуваат по вчерашниот кинески протест поради средбата на Далај Лама со американскиот претседател Барак Обама. Оваа средба, според Пекинг, претставува американско мешање во внатрешните работи на Кина.
XS
SM
MD
LG