Достапни линкови

Друцас: решение на спорот, па преговори со ЕУ


Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас во интервју за германскиот весник Зидојче Цајтунг вели дека владата во Скопје во изминативе неколку години цртала многу негативна слика за Грција. ,,Сакаме да му објасниме на народот на соседната земја дека Грција не е непријател. Грција е пријателска земја која може да стане вистински поддржувач на пристапните перспективи на Скопје во Европската Унија. Но пред да започнат пристапните преговори, прашањето со името мора да се реши“, вели Друцас кој во интервјуто за германскиот весник, ја повторува грчката позиција, име со географска одредница за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG