Достапни линкови

Над 40 загинати од уривање на минаре во Мароко


Околу 40 луѓе загинале, а скоро 70 биле повредени во уривањето на едно минаре во градот Мекнес во централниот дел на Мароко. Во моментот на несреќата џамијата Баб Баридеин била полна со луѓе кои биле на петочна молитва. Како причина за уривањето на минарето се наведуваат изобилните дождови во тој дел на земјата. Мароканскиот крал Мохамед нареди итна реконструкција на минарето. Мекнес е на листата на УНЕСКО како значајно светско историско и културно наследство.
XS
SM
MD
LG