Достапни линкови

logo-print

Придонесоа ли казните за почиста средина?


Отпад

Отпад

Со казни владата реши да го ,,исчисти" Скопје и останатите градови во државата од сметот. Имено секој што фрла отпад на јавни површини се казнува со по три илјади денари и повеќе. Но, колку законот, кој беше донесен во септември 2008 година, има ефекти? Експертите и граѓаните со поделени мислења.

Казна од 50 евра за граѓаните кои на јавни површини вршат физолошки потреби, фрлаат хартија, опушоци, мастики, амбалажи и земја, како и отпадоци од растенија, песок и стари предмети од домаќинство. Со 50 евра се казнуваат и тие што палат и уништуваат смет и оставаат фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, како и тие што паркираат возила на растојание до десет метри од контејнер, на јавни места напасуваат добиток и живина, го растураат сметот од вреќи, контејнери и фрлаат смет од спрат во станбена зграда и куќаили пак лепат плакати на кое било јавно место. На ваков начин владата реши да стави ред во јавната хигиена и да ги дисциплинира лошите навики на граѓаните. Тие по примерот на Швајцарија преку казните решија чекор по чекор да работат на промена на генералната култура и однесување на граѓаните. Некои од граѓаните сметаат дека казните требале да се воведат, бидејќи тоа е
Ако дошло до тоа со казна на народот да му укажуваш дека треба да се грижи за својата околина, тоа е жално ми се чини
единствениот начин за луѓето да сфатат дека треба да се грижат за животната средина и дека треба да одржуваат јавната чистота. Други пак велат дека казните не се решение и дека треба да се пронајде поинаков начин со кој ќе се разбуди свеста кај луѓето.

„Можам да ви кажам еден пример за Кувајт, каде што на еден човек што фрла, десет собираат. Меѓутоа кога воведоа казни цел Кувајт е чист, така што апсолутно демократско средство е затоа што се почитува законот, ако има казни, луѓето ќе внимаваат и апсолутно градот ќе биде почист.“

„Ако дошло до тоа со казна на народот да му укажуваш дека треба да се грижи за својата околина, тоа е жално ми се чини.“

„Да треба да постојат казни, но повеќе треба да се работи на менување на свеста за одредени навики и начини на однесување.“

„Порано човек го казнувале со стап, сега со пари... Не е начин тоа.“
Да треба да постојат казни, но повеќе треба да се работи на менување на свеста за одредени навики и начини на однесување

Откако законот за јавна чистота стапи на сила граѓаните повеќе внимаваат, бидејќи немаат пари за да ги платат казните вели претседателот на невладината организација Македонски зелен центар, Методија Саздов.

„Лично јас сметам дека откако се донесе законот можеби повеќе заради страв и заради финансиската состојба, мислам дека свеста тука барем малку порасна. Второ јас лично можев да приметам дека граѓаните се посвесни.“

И отпадот, но и непочитувањето на правилата за паркинг не е ,,силна" страна на Скопјани
Граѓаните на Скопје најмалку се грижат за околината


Во септември 2008 година започна да се спроведува законот за јавна чистота, поради неодговорното однесување со животната средина според министерството за внатрешни работи казни добиле околу 45 илјади граѓани. Најголем дел од казните се изречени поради недозволено фрлање на отпад на јавна површина вели потпаролот на министерството Иво Котевски. Граѓаните од Скопје најмалку се грижат за својата околина, околу 19 илјади казни се изречени во главниот град, а на второто место по прекршоци се наоѓа Велес, вели тој.
Видот на констатираните прекршоци се однесуваат на недозволени активности, како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, такви се приближно 19 000 прекршоци

„Видот на констатираните прекршоци се однесуваат на недозволени активности, како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, такви се приближно 19 000 прекршоци, понатаму околу 7 000 прекршоци се за фрлање и оставање на хартија, отпушоци, амбалажа, отпадоци од растенија и други отпадоци на места кои не се определени за таа намена."

Голем дел од граѓаните велат дека отсекогаш внимавале како се однесуваат со животната средина, но дека сеуште има луѓе кои не го почитуваат законот.

„Јас отсекогаш сум внимавал, тоа е мојата култура од детство.“

„Внимавам секогаш и дури кога одиме во Парк или на Водно го собирам сметот.“

„Мислам дека овој закон за оној што ги има тие добри навики, не преставува никаков проблем.“

„За некои големи работи, се гледа дека се фрлаат во канти, но мислам дека не е така со цигари, мастики и некои поситни работи.“

Казните се превисоки

Саздов вели дека не е важно колку изнесуваат казните и дали тие се преголеми во однос на стандардот на земјата, важно е граѓаните да не сфатат дека не треба да го прекршуваат законот.

„Сметам дека граѓаните многу почесто прво ќе се запрашаат дали да фрлаат смет или да залепат плакат на јавно место или да остават некој хаварисан автомобил на јавно место, така што сметам дека не е толку работата колкави се казни, туку дали граѓаните сега се посвесни отколку претходно.“

Слика од Битола, отпад и на земја, но од фабричките оџаци и во воздух
Граѓаните пак секој со свое мислење околу висината на казните.

„Мислам дека се премногу, затоа што на нашиот просечен македонски граѓанин платата е многу ниска.“

„Па можеби се малку преголеми за наш стандард, но незнам ниту колку се точно, но ако се 3000 денари, тоа е многу.“

„Апсолутно мислам дека се фер, дури треба да бидат и поголеми.“
Без разлика дали 100% од населението го прифаќа тоа или не го прифаќа, ако е тоа донесено низ една демократска процедура и се разбира со прашањето на мнозинството, тогаш мора и другите да се приклонуваат кон таквите закони затоа што сепак цивилизацијата бара определени начини на однесување


„Мислам дека се превисоки за нашиот стандард.“

Ваквите казни и закони предизвикуваа отпор и во другите земји пред тие да бидат донесени, но по нивното стапување на сила луѓето ги почитуваат, вели социологот Ѓорѓи Тоновски. Тоа е предуслов за европеизација на Македонија и новите закони кои се договорени правила на игра мора да бидат прифатени, вели тој.

„Без разлика дали 100% од населението го прифаќа тоа или не го прифаќа, ако е тоа донесено низ една демократска процедура и се разбира со прашањето на мнозинството, тогаш мора и другите да се приклонуваат кон таквите закони затоа што сепак цивилизацијата се бара определени начини на однесување.“

Спроведувањето на законите во Македонија оди тешко

Професорот Имер Исмаили вели дека на Балканот и во Македонија спроведувањето на европските закони оди тешко, бидејќи граѓаните не сакаат да ги прифатат промените кои ги носат.

„Тој етно психолошки код на прифаќање односно одбивање на законите, тој функционира кај нас, воопшто во Македонија и на Балканот. Неможеме да бидеме Швеѓани или Данци и да ни се наметнуваат закони, бидејќи тие во себе мора да го имаат и етно-психолошкиот конгломерат.“

Дел од граѓаните веруваат дека на ваков начин во иднина ќе се променат лошите навики на луѓето и ќе им се разбуди свеста, но дел од нив не очекуваат валканата слика на земјата да се подобри.

„Не верувам, затоа што нашата култура сеуште е назад и тоа ќе си стои уште многу време.“

„Да се сменат бидејќи тоа е општа култура на народот и поубава средина ќе имаме и поубав град.“

„Не, тоа се можеби некои навики кои што и самото семејство и средината во која што човек се движи се веќе на одреден начин, всадени.“

За да се спроведува целосно законот потребно е јавните претпријатија кои се одговорни за животната средина да ја вршат својата работа поуспешно, вели Саздов.

„Сеуште сметам дека може да се доработи на свеста на граѓаните, доколку јавните претпријатија кои што водат сметка за чистотата на јавниот простор, тие преставуваат пример за нас, значи да не биде моментот ,,Ние може да извалкаме, колку што вие може да исчистите" туку едноставно тие да бидат пример.“
Ако појдеме пошироко од центарот, не би рекол дека има корпи за отпадоци, така што некој можеби отпадокот ќе го стави во џеб, ама некој го фрла


Граѓаните се жалат дека најмногу им недостасуваат корпи за отпадоци и дека доколу има поставено насекаде тие не би се довеле во ситуација да бидат казнети.

„Канти недостастуваат, можеби во центар ги има, но во споредни улички и во населбите нема доволно.“

„Носам едно ливче и немам каде да го фрлам, нема корпи.“

„Ако појдеме пошироко од центарот, не би рекол дека има корпи за отпадоци, така што некој можеби отпадокот ќе го стави во џеб, ама некој го фрла.“

Еден од најпозитивните примери во Европа е главниот град на Ирска во кој властите за кратко време ја променија еколошката свест кај граѓаните и тие се пример за упорноста на едно општество што успеа да ги промени лошите навики. До 2001 година жителите на Даблин имаа дури и песна со која ја опишуваа валканоста на нивниот град, но оттогаш оваа европска метропола повеќе не е репер за загадена животна средина, како што беше до таа година. Со низа радикални мерки, едукација, стимулации и со казни, како и преку стратегија за селектирање на отпадот милионскиот Даблин успеа да прерасне во еден од најчистите градови на светот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG