Достапни линкови

logo-print

За два месеца не е направено ништо за проблемот со името, изјави Црвенковски



Комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе денеска оствари средба и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Како што стои во соопштението од СДСМ, Црвенковски изразил загриженост од фактот што се поминати два месеца откако на Македонија и беше препорачано да најде решение за спорот со името за да добие датум за преговори за членство, а во меѓувреме не е направено ништо, односно нема никаква иницијатива. Филе изразил надеж дека СДСМ, како опозиција ќе има конструктивен пристап кон овва прашање.
XS
SM
MD
LG