Достапни линкови

Ахмети - договори не се прават пред медиумите


„Самиот факт што има многу делегации од Европа и Америка, доволно зборува дека Македонија е на високо место на приотитети и дека се води грижа за што поскоро изнаоѓање решение што ќе ни отвори пат за евроатланските интеграции“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој денеска се состана со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Запрашан дали постои предлог од македонска страна како да се реши спорот со името Ахмети рече дека договори за важни прашања и големи теми не се прават пред медиумите. - Сметам дека сите ние сме фокусирани да изнајдеме решение, рече Ахмети.
XS
SM
MD
LG