Достапни линкови

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје


Штефан Филе

Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле е во Скопје, порачувајќи дека треба да се искористи уникатната можност да се најде решение за спорот со името. Тој уште еднаш ја нагласи неговата посветенос кон поддршка на разговорите за името.

Цитирајќи ја уште еднаш препораката на Европската комисија, комесарот за проширување Штефан Филе и денеска потенцираше дека таа треба да се сфати како силен поттик прашањето за името да се реши. Во тој контекст рече дека се охрабруваат директните разговори Груевски – Папандреу и нагласи:
Постои уникатна можност, пригода да се најде решение и таа треба да се искористи. Како што изјавив пред Европскиот парламент минатата седмица, целосно сум посветен кон поддршката на разговорите, кои придружени со неопходната политичка волја треба да доведат до решение. И мојата денешна посета на Скопје е јасен сигнал на мојата посветеност.


„Постои уникатна можност, пригода да се најде решение и таа треба да се искористи. Како што изјавив пред Европскиот парламент минатата седмица, целосно сум посветен кон поддршката на разговорите, кои придружени со неопходната политичка волја треба да доведат до решение. И мојата денешна посета на Скопје е јасен сигнал на мојата посветеност.“

Филе утринава се обрати пред мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија и со тоа го заврши состанокот во Скопје. На завршната прес конференција копретседавачот Јоргос Шацимаркацис во помалку дипломатски стил го повтори својот оптимизам од вчера:

„Веќе со месеци се чини дека постои одреден застој и дека ништо не се става на маса. Сега и премиерот Груевски треба да истапи со одреден предлог. Одреден предлог постои, и за тоа нема да навлегувам бидејќи негово право е да види каков и што е тој предлог. Видливо беше дека расположение за изнаоѓање решение постои, а сосема друга работа е самата содржина на предлогот во која што не можам да навлегувам.“

Следната недела во Скопје доаѓа Нимиц и сигурен сум дека нови предлози ќе бидат ставени на маса, иако е наизвесно дали тие ќе бидат прифатени, рече Шацимаркацис и предупреди дека доколку двете страни во спорот состојбата ја сфатат како некој да губи а некој да добива, проблемите ќе постојат уште децении нанапред. Евро комесарот Филе денеска ќе се сретне и со премиерот Груевски. Во своето претпладневно обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет тој значително место отстапи на пораките кои значат да се продолжат реформите и тоа во јавната администрација, судството, борбата против корупцијата, кои што како што рече пред се се важни за достигнување на европските стандарди важни за европските граѓани.


XS
SM
MD
LG