Достапни линкови

Филе - да биде решено прашањето со името


Силно сум посветен на европската иднина на Македонија. , изјави денеска во Скопје новиот еврокомесар за проширување Штефан Филе во неговото обраќање пред членовите на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - ЕУ.
Тој истакна дека проширувањето е една од трајните политики на ЕУ и уверен е оти таа е клучот за иднината на земјите од регионот. Според него, препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите треба да се сфати и како силен поттик конечно да се реши и прашањето за името.
Охрабрен сум, рече Филе, од директниот дијалог на премиерите на двете земји што е нов тренд и порача дека сега постои уникатна можност да се најде решение и таа треба да се искористи.
Филе денеска во Скопје ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, како и со лидерите на ДУИ и СДСМ.
XS
SM
MD
LG