Достапни линкови

Државен удар во Нигер, владата распуштена


Воениот совет кој вчера изврши државен удар во Нигер, наименува свој претседател и објави дека владата е распуштена. Очевидци изјавија дека синоќа се слушале истрели околу претседателската палата, а некои министри за Франс Прес изјавиле дека претседателот на Нигер Мамду Танџа бил одведен во непознат правец. Воениот совет воведе и полициски час и ги затвори сите граници и аеродроми.
XS
SM
MD
LG