Достапни линкови

Си ја запалил куќата, па со авион се урнал во даночната управа


Двајца луѓе загинаа во градот Остин во американската сојузна држава Тексас, откако еден човек, што наводно им бил гневен на даночните власти, со мал авион удри во зградата на даночната служба. Едниот од загинатите е пилотот.
Властите велат дека нападот не е поврзан со меѓународен тероризам.
Тие посочуваат дека напаѓачот Џозеф Стак, во писмото објавено на интернет, објавил дека е гневен на даночната агенција. Според извештаите, пред полетувањето со авионот со кој се удри во зградата, тој си ја запалил куќата.
XS
SM
MD
LG