Достапни линкови

Закани со бомба поради опера со еврејска тематика


Полиција во Санкт Петерсбург соопшти дека непознат човек се заканил дека ќе го дигне во воздух историскиот театар Михајловски, пред премиерата на опера со еврејска тема. Според полицијата, на само неколку часа пред премиерното изведување на операта Евреите од францускиот композитор Жак Фроментал Халеви, непознат човек се јавил и се заканил дека е поставена бомба. По испитувањето е утврдено дека се работи за лажна закана.
Операта раскажува приказна за христијанин што се вљубува во Еврејка. Таа опера била забранета од Сталин пред 70 години.
XS
SM
MD
LG