Достапни линкови

logo-print

Тензии меѓу Израел и Европа по убиството на командант на Хамас


Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд денеска побара од Израел да соработува целосно во истагата за како што вели употребата на фалсификувани британски пасоши во убиството на на командантот на палестинскиот Хамас, Махмуд ал Мабхах. Убиството на Мабхах во хотел во Дубаи создаде тензии меѓу Израел и Европа, јавуваат агенциите. Како виновни за убиството се посочуваат 11 европски државјани и разузнавачката агенција Мосад- ова се дел од шпекулациите кои се појавија во медиумите. Британија и Ирска тврдат дека 9-те осомничени со британски и ирски пасоши имале фалсификувани исправи. Шефот на полицијата на Дубаи излезе во јавноста со тврдење дека е речиси целосно уверен дека позади ова убиство стои Мосад. Израел негирање каква било поврзаност на Мосад со убиството.
XS
SM
MD
LG