Достапни линкови

Вашингтон треба да ја убеди Москва за ракетниот штит


Американскиот помошник секретар за одбрана задолжен за меѓународни безбедносни прашања Александар Вершбоу изјави дека е неопходно Соединетите држави да сторат повеќе во убедувањето на Москва дека ракетниот штит не е насочен против Русија. Москва изрази загриженост откако Романија се понуди, а Бугарија изрази заинтересираност за стационирање пресретнувачки ракети. Вершбоу изјави дека Москва уште во минатата година знаела дека Романија е можна дестинација. Според него, Вашингтон досега тоа го нема побарано од Бугарија.
XS
SM
MD
LG