Достапни линкови

Лондон бара одговор од Израел за убиството во Дубаи


Британија започна истрага за тоа како лажни британски пасоши биле користени во убиството на еден командант на палестински Хамас во Дубаи. Се шпекулира дека зад убиството на Махмуд ал Maбхах во минатиот месец стоела израелската разузнавачка агенција Мосад. Деновиве Дубаи објави имиња на 11 луѓе со европски пасоши за кои се вели дека го извршиле убиството. Шест од нив биле британски за кои Лондон веќе соопшти дека биле лажни. Министерството за надворешни работи го повика амбасадорот на Израел во Лондон на разговори за ова прашање. Израел вели дека нема докази оти Мосад бил вмешан во убиството.
XS
SM
MD
LG