Достапни линкови

Иран не се откажува од нуклеарната програма


Техеран „по ниту една цена“ нема да се откаже од нуклеарната програма, изјавил иранскиот пратеник во Обединетите нации Али Асхар Солтаниех. Во интервјуто за британскиот магазин „Њу Стејтсмен“, тој вели дека Западот мора да се навикне на фактот дека Иранците се „господари за збогатување ураниум“. Тој додава дека заканите за санкции од Обединетите нации, инспирирани од Соединетите Американски Држави, се производ на „колонистичкиот менталитет“.
XS
SM
MD
LG