Достапни линкови

Сенаторите порачаа брзо решавање на спорот за името


Преговорите за името се многу важни за иднината на Македонија и „релативно брзо“ треба да се направи нешто во таа насока поради економската ситуација во Грција, порача американскиот сенатор Џорџ Војнович по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Скопје.
„Јас и неколкумина други сенатори се сретнавме со премиерот Папандреу во Атина, веднаш откако тој беше избран. Тој ми посочи дека има искрена желба да се потруди и да работи на постигнување компромис за името, за Македонија да може да стане членка на НАТО и на ЕУ. Треба да се направат сите потребни напори што е можно поскоро“, изјави Војнович.
Tој рече дека му се заблагодарил на премиерот за подршката што Македонија му ја дава на НАТО во Ирак, Авганистан и во Босна.
Сенаторката Џин Шахин рече дека се заинтересирани да пружат што е можно поголема подршка за „помрднување на ова прашање“.
„Ние сме тука зашто Македонија ни е битна, овој дел од Европа и Западниот Балкан ни е битен. Јасно ни е дека ова се големи предизвици. Важно е луѓето со добра волја да преговараат, да се потрудат да ги надминат разликите, за Македонија да продолжи напред и да стане членка на НАТО и на ЕУ“, рече сенаторката Шахин.
Републиканскиот сенатор Војнович од Охајо и демократската сенаторка Шахин од Њу Хемпшир, неделава се на балканска турнеја.
XS
SM
MD
LG